КОНСАЛТИНГ ИВАНОВСКИ е компанија основана во 2007 година и е водечка и единствена во Ресен, во областа на економскиот и правниот консалтинг.
Максималната одговорност кон своите клиенти е основниот столб на работењето на нашата компанија, која што овозможува не само услуга со најголем кавалитет, туку и можност да се здобиете со свој постојан деловен советник.
Сметковотствен и даночен консалтинг – Во секој момент точно и навремено Ве советува за законските прописи од областа на даноците и сметковотството, како и нивна секојдневна практична примена, данок на додадена вредност, данок на добивка, персоналниот данок на доход или накратко сметковотственото работење во целост, вклучувајќи ја можноста за мобилна комуникација.
Регистрација на фирми – согласно Законот за трговски друштва и барањето на клиентите врши секаков вид регистрација, како измени и дополнувања на регистрацијата на трговските друштва, стечајни постапки и судски вештачења.
Судски застапувања – за потребите на коминтентите, врши судски застапувања, од областа на деловното право. Застапувањата се вршат согласно законската регулатива на Република Македонија врз основа на Законот за трговски друштва, Законот за облигационите односи, Законот за работни односи, Законот за ПИО и други закони. Поврзаноста помеѓу правото и економијата што во основа го претставува и деловното право ке ја пронајдете во оваа компанија.